top of page
Search

Што има денес во Крушево?

  • Writer: krusevoadvisor
    krusevoadvisor
  • Nov 2, 2022
  • 1 min read

Октомври помина. Како започна ноември?





Првиот ден од ноември сонце „пука“, а параглајдеристи „празнуваат“ на крушевското небо. Убавото време овозможи љубителите на овој спорт да дојдат повторно во Крушево и да испробаат совршено полетување од Мечкин Камен.

На гости беше и претседателот на Светскиот параглајдинг куп Горан Димишковски кој оваа година одржа два Светски купа во Крушево, а најави нови големи натпревари веќе за наредното лето.



Целодневното уживање на параглајдеристите се пренесе и на посетителите кои успеаа да го затекнат полетувањето. Ова прекрасно време, кое потсетува на лето, ни' дава нови доживувања во Крушево, а нашиот град го исполнува со нови пејзажи.

Тимот на Krusevo Advisor имаше среќа да се најде на местотото на настанот и да направи неколку одлични фотографии. Така што, и ние уживавм



Крушево е совршена дестинација за вас и во ноември, и во текот на цела година. Фотографиите се потврда за ова што го зборуваме. Без празни зборови 😁

 
 
 

Comments


+389072264157

  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2022 by Krusevo Advisor. Proudly created with Wix.com

bottom of page