top of page
Search
Writer's picturekrusevoadvisor

Ви благодариме за прекрасната 2023, еве ги нашите планови за 2024

Со вас споделивме многу фотографии во 2023-та, а тоа значи дека имаме многу заеднички спомени. Фотографијата е токму тоа - спомен од место, луѓе, настани, насмевки и успеси. Не не, ние ви благодариме вам, драги наши.



Драги наши,

2023 година за Krusevo Advisor беше година од соништата. Направивме толку убави фотографии и чувствуваме како го разубавуваме Крушево секој ден, со секоја фотографија, со секои стори со секоја помисла да направиме фотка.

Но, што беше поубаво од сето ова е уште поважно. Разговорите со вас, комуникацијата која беше без малку на дневна основа. Вашите лајкови и коментари кои значат поддршка за нас. Сето тоа го крунисавме со првите 1 000 следбеници на Инста. Горди сме на себе, ама успехот се должи на вас.

Ние, искрено се надеваме дека ги исполнивме вашите очекувања. Дека направивме доволно добри фотографии, испишавме зборови, го споделивме најдоброто од Крушево.



Пред нас е 2024-та. Посакуваме само убавини, а веќе ги финализираме своите планови. Во Новата година сакаме да направиме повеќе фотографии и да напишеме многу повеќе блогови. Дополнително, сакаме да ја збогатиме нашата содржина. Да понудиме повеќе услуги на сите кои сакаат да го посетат градот. Сакаме да бидеме уште поголем репрезент на Крушево. Ќе успееме ли? Тоа зависи од вас, нашите верни фанови и вљубеници во градот на 1250 метри надморска висина.



Ви ги честитаме Новогодишните празници и во Нова години влезете позитивни, со насмевка и безгрижни со веќе испланирана агенда кога и колку пати ќе го посетите Крушево. Ние сме тука и топло ќе ве пречекаме.

46 views0 comments

Comentários


bottom of page