top of page
Search
  • Writer's picturekrusevoadvisor

Е, ова е Крушево

Ви се допаѓаат нашите зимски фотографии, нели? Ги гледате фотографиите и се радувате што Крушево го гледате под бел килим. Многу од вас започнаа и да ни испраќаат фотографии (проверете го нашиот Инста профил). Фала ви ☺


Конечно ни' дојде снегот, а погледот кон градот е нодолив. Шумата, т.н. корија, е обелена, улиците имаат своја белина на краевите, а ски центарот се враќа во фокусот. Крушево е онакво какво што го посакуваме и замислуваме секој зима.



Количините на снег не се преголеми, но доволно да намамат многу туристи да не' посетат. Викендот што измина (27 до 29 јануари) забележавме многу посетители насекаде низ градот, на ски терените, околу Крушевско Езеро и на други места. Крушево е посетено и без снег, но навистина го личи градот каков што е деновиве.


Се најавуваат релативно ниски температури, така што очекуваме снежната покривка да се задржи.



Градот на 1 250 метри надморска висина не престанува да восхитува. Зошто да не го доживееме сите заедно?


Ги очекуваме и вашите фотографии од моментите поминати во снежно Крушево ❄

51 views0 comments
bottom of page