top of page
Search

Чист воздух

Writer: krusevoadvisorkrusevoadvisor

И чистиот воздух стана туристичка атракција...


Откако голем дел од Македонија беше покриен со магла со денови и со загаден воздух во поголемите градови Крушево повторно го актуелизира својот туристички потенцијал кој се вика воздух 😁





Како највисок град на Балканот, поставен на падините на Бушева планина Крушево отсекогаш било место за релаксација благодарение на чистиот и свеж воздух, пријатната клима и пределите во околните шуми за прошетка. Голем број на туристи доаѓале и доаѓаат да се одморат од секојдневниот живот со уживање во природа која делува недопрено и чисто.


И денес, и покрај големиот број на содржини, можности и настани туристи го посетуваат Крушево заради чистиот воздух. Ова е особено впечатливо во зимскиот период кога, за жал, други градови се загадени, а во Крушево пука сонце.





Така што, уште еднаш чистиот воздух е наша адут. Убавото време е наш адут. Природата, шумите, планината е наш адут. Добредојдовте во Крушево 😊


 
 
 

Comments


+389072264157

  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2022 by Krusevo Advisor. Proudly created with Wix.com

bottom of page