Нашите фотографии се најдоа на врвот на најпопуларната група посветена на туризам и убавините на Македонија - Патувања низ Македонија.
Оваа објава ни' покажа дека нашиот труд се вреднува, нашата љубов кон Крушево се забележува, аматерските фотографии ја постигнуваат целта - промоција на нашиот град.
„...Со прекрасните фотографии од Крушево кои ги споделуваат секојдневно ниту еден не остана рамнодушен и не посака барем на еден ден да појди и да ужива во зимската бајка наречена Крушево. 👏👏👏👏 за вас, и продолжете така и понатаму! ❤️💛...“, се вели во објавата на еден од администраторите на групата Патувања низ Македонија
Овие неколку зборови се' она што најдобро ја опишува нашата работа и остварувањето на целта. Како корисници на социјални мрежи, аматерско практикување фотографија и пишување кратки текстови придонесува многу за туристичка промоција на Крушево. Драго ни' е што тоа е препознаено и прикажано јавно, како во објавата на групата со повеќе од 230 000 членови.
А, што беше нашиот одговор на овие зборови?
Ви благодариме за објавите и убавите коментари. Драго ни' е за оваа објава заради две причини.
Едната е што пофалните зборови секогаш се пречекуваат со отвореност.
Втората е што една ваква објава покажува колку нашите аматерски фотографии и кратките текстови како описи за градот можат да придонесат во промоцијата на едно место.
Денес, социјалните мрежи имаат растечка улога во промоцијата и тоа некој како вас е убаво што го кажавте, затоа ви благодарам уште еднаш и повелете во Крушево.
Ние продолжуваме да фотографираме и да објавуваме текстови посветени на Крушево. Ве поттикнуваме сите вие кои ќе го прочитате овој текст, без оглед дали сте од Крушево или друг град на Македонија, приклучте се во промоција на Македонија, во претставување на вашиот град.
Коронавирусот покажа колку убава е нашата земја и колку сме пропуштиле што не сме ја истражувале и претходно.
Продолжуваме заедно 😊
Comments