Крушевско Езеро и ски центарот Станич станаа најпосетуваните дестинации во Крушево. Луѓето знаат и да го одминат центар и прво да отидат на овие две локации. Без оглед дали зима или лето, снег или суво време.
Викендот за Нова година го потврди тоа. Посетители центарот на градот го оставија за попладневните часови, а го искористија убаовото време за прошетка до Гумење, Крушевско Езеро, споменикот Илинден или возење со жичарница и дружба на ски терените.
Снегот се стопи, а температурите беа високи за овој период од годината. Но, посетителите и крушевчани не ги пропуштија овие две места. Популарноста на овие места за многу луѓе ја промени „кафе шемата“ со уживање на Езеро и Станич. И без снег Станич е привлечен, а доволни се неколку зраци сонце за Крушевско Езеро да биде во „гужва“.
Најдобрата работа е што Крушево ја зголемува својата популарност, и тоа во какви околности. Климата се менува, па така Крушево станува надморски ниско место за снег. Но, содржините кои се нудат, промоцијата која се прави создава едно пријатно Крушево со многу луѓе во зима без снег.
Comments