top of page
Search
Writer's picturekrusevoadvisor

Недела во Крушево

И на вака магливо и малку по студено време Крушево е вистинско доживување за недела.


На овој ден во гратчето на 1 250 метри надморска висина се собираат крушевчани, како гостопримливи домаќини. оние иселени од градот, кои редовно не' посетуваат за викенди, и оние на кој им недостига. Потоа, тука се туристите од поголемите градови на Македонија, а Крушево се исполнува дополнително со туристи од соседните општини кои се тука на дневни доживувања.





Прошетките се приоритет. Макар, како што рековме, на вакво време кое час магливо, час сончево. До Гумење, до спомен куќата на Тоше, Преображение, Мечкин Камен, уличките во центарот на градот. Чиниш Крушево живее како никогаш досега, исполнето со насмевки, детски џагор и исполнети кафулиња, ресторани и пицерии.


Како најпопуларни објекти се Македониум и спомен куќата „Тодор Проески“. Ако веќе мораме да издвоиме.


Врвулици од луѓе ќе забележите внатре. Овие објекти ја враќаат популарноста која произлегува од нивна историска, културна и современа вредност.





Денот завршува со ручек во локалните пицерии, ресторани и со кафе во кафулињата или хотелите.


Како што денот е краток така и туристите полека го напуштаат градот со позитивни чувства, наполнети батерии и со ветување! Ветување дека викендот што следи, здравје Боже, Крушево не ни бега. Повторно.

Comments


bottom of page