top of page
Search
Writer's picturekrusevoadvisor

Кој очекуваше вакво нешто во Крушево?

Саботата, 26-ти февруари, времето беше совршено. Сонце, слабо ветре и околности кои крушевчани и туристите ги испровоцираа своето прво, второ, трето кафе да го испијат под отворено небо. Некои од нас дури и добија боја на телот, мислиш на летен одмор сме биле заради црвената боја на лицето 😅


Го испивме нашето прво кафе на сонце. Час и половина уживавме на сонцето седејќи и трудејќи се на максимално искористување на времето. Но, тука не застана уживањето под отворено небо. Продолживме на прошетка. Прошетавме по центарот, направивме фотографии и се сретнавме со нашите пријатели.


„Навистина ли утре ќе имаме снег? Не е возможно од едно вакво сончево време кое не' повикува надвор утре да врне снег“, ни' кажа нашиот пријател. „Да не ти се верува, но прогнозата така вели. И, тоа не малку, туку многу снег ќе заврне“, му одговоривме не верувајќи во нашиот одговор.


Продолживме кон Гумење, ги зграпчивме најубавите пејзажи и пред зајдисонце веќе бевме дома. *Дома за вас може да претставува сместување во одличните апартмани, вили и хотели во Крушево.



Доцна вечерта, некаде околу 23 часот посакавме да излеземе, малку да прошетаме и да седнеме на доцна закуска во една крушевска пицерија. Го поминавме домашниот праг и пред нас беа снегулките, токму онака како што беше најавено. Вечерта ја поминавме убаво и уморни од истражувачкиот ден заспавме покрај огнот.


Утрото се будиме и прво што правиме е да видиме како е надвор. А, надвор белина, снег кој паѓа со голем интензитет и непроодни улици од некаде 15 центиметри снег кои наврнале во текот на ноќта. Преубаво е. Бело е, а до вчера уживавме на пролетно сонце.


Снег насекаде, бели покриви и непрекинато врнење. На само неколку дена до март Крушево е повторно со снег, а вчерашното време е еден ретко виден контраст.



За момент се навраќаме на муабетот од претходниот ден и се чудиме повторно како од сонце дојдовме до некои 20цм снег. Но, тоа е само за момент. Во деновите што следат се препуштаме на ново снежно уживање.


230 views0 comments

Comments


bottom of page