Празникот Дева станува едно од главните обележја на Крушево. Одржувањето на настан кој ќе го одбележи овој празник привлекува медиумско внимание, а со тоа и повеќе луѓе во Крушево.
Празникот Дева е еден од најуникатните празници во нашиот град. Тоа е ден кога насекаде низ Крушево се слуша песна, а од секоја страна излегуваат деца со импровизирани црвени ѕвезди. Денес Дева е многу поголема атракција за крушевчани отколку Коледе. Времињата се менуваат.
Но, зошто овој Христијански празник станува се поголемо обележје на Крушево?
Празникот Дева се одбележува само во Крушево, во државни рамки, и во Витлеем, Ерусалим. Само заради овој податок овој празник е толку интересен не само за туристите туку и за крушевчани.
Без оглед на религиската компонента, овој празник прераснува во обичај. А, тоа значи дека привлекува внимание и кај луѓето кои не практикуваат толку многу религија. Со самото тоа што станува обичај веќе има широко поле одбележувањето на празникот да се проширува. Интересот се зголемува од година во година
Самото одбележување на нстанот има хуманитарен аспект. Организаторите од СОУ „Наум Наумовски Борче“ во текот на настанот собираат средства кои потоа се доделуваат на првороденото дете во Крушево. Овој гест дава поголема вредност, вдахнува суштина и ги надминува сите пречки кои можат да излезат како што се случува со многу настани.
4. Организацијата на настанот е, всушност, производ на млади луѓе кои се учат на самоиницијативност. Тоа придонесува овој настан да ги направи посетителите со чувство дека придонесуваат со тоа што го посетиле настанот, донираат симболично и го одбележуваат со фотографии на социјалните мрежи.
На крајот, збор-два за значењето на овој настан
На овој ден младите со своите импровизирани ѕвезди, направени на дрвена основа со црвено платно или друг материјал, со песна ги посетуваат домовите и за пеењето добиваат симболичен дар од домаќините. Најчесто тоа се пари, по 10 денари за секое дете.
Исто така, на овој ден се собираат средства и за црквите. Па така, повозрасните во поголеми групи и со поголема ѕвезда која носи име на црква или манастир од околината на Крушево ги посетуваат домовите и собираат дарови за верските објекти.
Според верските толкувања со песната се најавува раѓањето на Исус Христос.
На 5-ти јануари секоја година во градскиот парк се поставува куќарка која алудира на времето кога бил роден Исус Христос. Куќарката е опкружена со ѕвезди и фенери. Веднаш до куќарката е поставена кутија за донации, а се пали и оган нешто што прераснува во уште еден обичај, а во овој случај е симбол на старото време.
Со ова одбележување се создава една позитивна празнична атмосфера во Крушево. Овој обичај со нетпрение се дочекува од крушевчани, а за туристите Дева е само вовед во Бадник и Божиќ кога се посветува време на семејството, домот и мирот.
Нека е за многу години!
Comments