top of page
Search
Writer's picturekrusevoadvisor

Како Алто и Панорама се погрижија зима 2022 да биде една од најубавите

Овој јануари стана незаборавен. Зимската сезона продолжува и во февруари. Алто и Панорама хотел и спа се погрижија Крушево да биде полно, привлечно и да претставува една успешна зимска приказна.



Од Божиќ па се до последниот викенд - 04.02.2022 до 06.02.2022 - Крушево доживува зимска преобразба и нашиот дом стана место за одмор на туристи од цела Македонија. Скијање, санкање, жичарница, ски лифт, сонце, многу снег.


На ски терените можеа да се видат почетници, искусни скијачи, сноубординг. Многу туристи, па и крушевчани, ги користеа пешачките патеки до ски центарот, а таму уживаа во музика и пијалок. Пристапот до терените е овозможен и за автомобили. Се' во организација на Алто и хотелот Панорама.


И тоа се повторува секој викенд, секој сончев ден. Градот е тивок во првиот дел од денот затоа што популарноста на ски центарот драстично порасна оваа зима. Сите се упатуваат директно кон ски терените, а градот го искусуваат после 15, 16 часот.


Инвестициите кои Алто и Панорама ги направија во областа на зимскиот туризам ја создадоа оваа исклучително успешна зимска сезона за целиот град. Тие инвестици, така се очекува, ќе придонесат за успешни зими и наредните години. Она што денес го имаме, а туристите на градот тоа го доживеаа, е нешто што донесе нови работи за Крушево и значително го унапреди престојот на посетителите.



Од фотографиите можете да ја погледнете атмосферата, раздвиженоста и убавата зимска сезона за која зборуваме.


Уште поважно е што благодарение на работата на Алто и Панорама ова место е популарно во сите сезони. Авантуристичкиот парк, можноста за изнајмување на АТВ четирицикл, возење велосипед и многу други активности се привлечни за туристите во лето, во зима да поминуваат по неколку дена во Крушево.



Ние остануваме импресионирани од зимската сезона која трае. Наша препорака е да го искористите она што преостанува од зимскиот период за да се уверите за што зборуваме.




313 views0 comments

Comments


bottom of page