На денешен ден пред една година Krusevo Advisor стана ваш пријател, виртуелен туристички водич и синоним за највисокиот град на Балканот. Денес броиме скоро 1 300 следбеници на ФБ и 780 на Инста.
Една година сме дел од вас, а благодарение на вас од ден во ден сме се' подобри. Како благодарност се трудиме да правиме што поубави фотографии, да ви покажеме зошто треба да не' посетите и секој ден да ве информираме за се' што ве интересира.
Изминатата година, почнувајќи од 5-ти јануари, беше многу возбудлива за нас. Создадовме нов проект за Крушево со визија да го направиме уште попрепознатливо, а Advisor да биде бренд на градот. Успеавме да се поврземе со многу посетители и вљубеници во Крушево и токму заради нив постоиме и растеме секој ден.
Започнавме само со фотографии. Се надградуваме секој ден, а статистиката вели дека стануваме се попопуларни.
Но, сакавме и да пишуваме. Сакавме фотографијата да ја зачиниме со збор. Збор кој ќе го разубави нашето гратче уште повеќе. Па го создадовме овој веб сајт кој заедно со зграпчените моменти дава опис и информации за тековни настани, временски прилики и причини за ваша посета.
Во една таква комбинација, фотографија и пишан збор, Advisor станува навистина бренд. Бренд кој расте од ден во ден, а постои за сите вас. Сите вие учествувате во секој нов збор, секоја нова фотографија. Секој следбеник е всушност следбеник и вљубеник на Крушево. За тоа ви благодариме.
Добивавме пораки од вас, ни' испраќавте фотографии, лајкувавте и споделувавте. Така придонесувавте за Advisor да расте, градот Крушево да се разубавува. Не очекуваме ништо помалку и понатаму.
Нашите фотографии се најдоа и на познати интернет портали, па така ја ширевме приказната за Advisor и го промовиравме Крушево. Денес сме активни и чувствуваме дека имаме голем придонес во развој на гратчето од туристички аспект. Горди сме, но сакаме да направиме повеќе. Заедно со вас.
Драги наши, Ви благодариме. За уште многу наредни родендени 🥳
Comentários